Во вторник, во 14 часот капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров ќе се дружи со своите обожаватели, информираат од Агенцијата за спортски маркетинг, менџмент и консалтинг „КМГ Спорт“.
Настанот на кој Лазаров ќе го најави неговиот прв ракометен камп кој од 22 до 28 јуни ќе се одржи во Охрид, ќе се одвива на вториот кат (делот кај „Синеплекс“) каде што сите присутни ќе можат да се дружат, фотографираат и да добијат автограм од најдобрата „седмица“ во светот на ракометот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.