Бруклин нетс ја победи Атланта хоукс со 91-83 и намали на 1-2 во серијата прв до 4 победи во првото коло од плејофот во НБА лигата.
Неверојатната серија од 18-0 што започна во третата четвртина и продолжи на почетокот од последниот период им ја донесе првата победа на „мрежичките“ против најдоброрангираната екипа во Источната конференција. Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 19 минути и забележа 7 поени и имаше 4 скока. Демар Керол со 22 поени беше најефикасен кај поразениот тим, а идентичен учинок кај Бруклин имаше Брук Лопез.
Следниот меч повторно се игра во Њујорк на теренот на Бруклин нетс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.