Тука во Охрид се видливи и преку реконструираниот и целосно модернизираниот аеродром Свети Апостол Павле со инвестирани 10 милиони евра, со реконструирани писти, со изградени нов ВИП објект, реновирани објекти во карго центарот, обновен паркинг, нова опрема и возила. Секој странец кога доаѓа во Охрид својот престој го започнува со позитивни импресии и прв позитивен впечаток, рече премиерот Груевски на денешниот народен собир во Охрид.
-За развој на туризмот создадовме можност за изградба на хотели на земјиште кое се продава по едно евро за метар квадратен, овозможивме поволни кредитни линии за туризмот, континуирано го рекламираме нашиот туристички потенцијал во странските медиуми, а со политиката на субвенционирање на тур оператори и нискобуџетни авионски линии, се вратија странските туристи во Охрид и Македонија на голема врата. Работиме на уредување на плажите, веќе се изготвени идејни решенија и во моментот се врши проектирање на истите. Веќе е објавен повик за уредување на 500 метри плажа на Лагадин, во која ќе инвестираме 75 милиони денари и која треба да биде готова во наредните неколку месеци, рече Груевски.
Премиерот најави дека ќе се уредува и 150 метри плажа во Дебарца а рокот за изработка на документацијата е до крај на јули. Во Дебарца ќе се гради и патека покрај езерото а рокот за доставување на понуди за градба е во првата половина на мај.
-Туризмот на годишно ниво со над 1 милион евра го помагаме и со субвенции за тур-операторите за привлекување на странски туристи кои важат за над 15 земји од светот. Тука секако е и проектот за финансиска поддршка на евтините авиолетови, со кој набрзо и Охрид ќе добие две евтини авио линии до европски метрополи. Линијата Охрид Базел стартува летово, а во соработка со општината летово започнува и реализацијата на авио линијата Охрид Лондон со која ќе пристигаат и многу англиски туристи.
Изминативе осум години бројот на туристи е зголемен за повеќе од 40% а вкупното зголемување во туризмот изнесува речиси 100 отсто, односно попрецизно 98 проценти, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски