Ракометарките на Флери славеа во првиот контролен натпревар против македонскиот првак Вардар, со 30:28.
Моментно водечката екипа во француското првенство се покажа како силен противник, а со тоа многу корисен спаринг-партнер за „црвено-црните“ во подготовките пред Ф4 турнирот во Будимпешта.
Ова беше прва контролна средба меѓу двете екипи, која вчера се одигра зад затворени врати. Денеска двете екипи ќе тренираат заедно, а утре ќе се игра и втората контролна пресметка, отворена за гледачите.
Во тимот на Вардар најефикасни беа Сираба Дембеле со пет погодоци и Андреа Пенезиќ со четири реализации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


