| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На СДСМ кажете им Дојде Никола Груевски во Охрид и ви порача, ќе ве победиме!

vmro 4

-Ако ве прашаат овие од СДСМ нешто за денешниот настан, кажете им: Дојде Никола Груевски во Охрид и ви порача, ќе ве победиме! Народот е со нас! Ќе ве победиме! Ќе ве победиме така јако, што нема да сте свесни што ви се задесило! И кога победата ќе дојде, нека не се плашат, ние нема да се светиме, и не се закануваме, како тие што прават или како што многумина сакаат, туку ќе ве погледнеме во очи и ќе ви кажеме ова е наша заедничка држава и ние работиме за неа! – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е вградено во темелите на оваа држава уште од своето основање и нивна задача е да ја штитат Македонија и македонскиот народ народ, и сите граѓани кои живеат во неа, да работат за доброто на државата.

И тоа ќе го правиме! -рече Груевски на крајот од своето обраќање пред охриѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top