| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка во кичевско

Ноќва после полноќ,  околу 00,20 часот во с.Гарани во Кичево во угостителски објект „Спорт Кафе“ по предходна расправија С.И. (42) физички го нападнал Џ.Е. (32) и со употреба на нож му нанел телесна повреда во пределот на раката и грбот.

Џ.Е. е пренесен е во кичевската болница за укажување на лекарска помош, додека С.И. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top