| четврток, 6 декември 2018 |

Ми се гади од таа антидржавна реторика- оценка на Груевски за ставот на СДСМ за терористичкиот напад во Гошинце

gruevskiЛидерот на ВМРО- ДПМНЕ и претседател на Република Македонија Никола Груевски во обраќањето на големиот народен собир во Охрид се осврна на уште на две работи кои ја одбележаа минатава недела. Првата е настанот во Гошинце, а втората е срамниот и монструозен чин со венецот за кој постојат сериозни сомневања дека сами си го доставија до нивни новинар за да не нападнат нас. Според лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, првата работа е доста сериозна и бара внимателно да се третира, додека втората сепак спаѓа во лудории и безобразни манипулации на опозицијата за тоа би се задржал од втор план.

-Настанот во Гошинце е сериозен настан во кој учествувала група учесници, чиј идентитет веќе е познат на нашите институции и за што е известена меѓународната заедница и институциите во Косово. Предизвици на овој план веројатно ќе продолжат, ова не смее да се става во дневно политички контекст. Ги гледам кукавичките јајца снесени од опозицијата демек ние стоиме зад тоа и да ви кажам искрено ми се гади од таа антидржавна реторика и од целиот тој ланец на настани, што не е ни чудно што многумина ги потсетува со оној од 2001-вата. Но сакам да им порачам една работа на сите инволвирани, ова не е 2001-вата, институциите ќе делуваат решително и одлучно во рамки на своите надлежности, а потпалувачите од петата колона треба максимално одговорно да се постават во случајов, зашто ова веќе не е дневна политика и нивните глупости, напади, закани, клевети и однесувања за овој случај имаат еден друг контекст. Ова е сериозна работа и во прашање е државата. Изјавите на лидерот на опозицијата на неговата последна прес конференција во врска со овој настан ќе ги земам како израз на неговиот капацитет, но и неинформираност и ќе апелирам на воздржаност, ако воопшто е можна кај овие луѓе, затоа што воопшто не е наивна ова работа и без разлика на личните моменти, омразата која ја имаат, фрустрациите, комплексите кај опозицијата, за ова замолувам да се воздржат од шпекулации и да се надминат- посочи премиерот.

-За венецот на Борјан Јовановски можам да кажам само една реченица. Така провидно и монструозно е тоа што самите си го направија, да човек може само да замисли на што уште се спремни овие луѓе. Па уште глумат демек лути се, па носат венец во Владата, па Заев држи прес за медиумите, па завршува дека ќе имало венец на слободата и слично. И после ајде сите актери на частење, во Сорос по наградата. Каква мизерија од луѓе- се осврна лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и претседател на Република Македонија од големиот народен собир во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top