| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 200 загинати во земјотресот во Непал (ФОТО)

_82559577_026909240-1

Министерството за внатрешни работи на Напел сооптшти дека најмалку 200 луѓе загинале, а 400 се повредени  во силниот земјотрес што утрово го погоди Непал.

Најмалку 50 луѓе се затрупани под урнатините на деветкатната кула од 19 век во Катманду.

nepal-earthquake-road-broken-650_650x400_51429951230

Земјотрес бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала.

– Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од два километри, а 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).

nepal

Се уште не е познат бројот на повредени лица. Според очевидците во болницата во Катманду постојано пристигнуваат повредени луѓе.

Долината Катманду е густо населена со 2,5 милиони луѓе, а квалитетот на зградите е прилично лош.

_82559571_026909098-1

Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, во пакистанскиот град Лахоре и во Тибет. Земјотресот бил почувствувам дури и во Бангладеш, иако епицентарот бил на 745 километри северозападно од таа азиска земја.

Земјотресот предизвикал и лавина на врвот Еверест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top