Српскиот рапер Владан Аксентијевиќ, најпознат како Ајс Нигрутин од дуото „Бед копи“, вчера стана татко. Ова е прво дете за 37-годишниот рапер и неговата девојка Јулишка.
Познат по контроверзните стихови кои и во Македонија се хит, Нигрутин вели дека да било до него, медиумите воопшто не би пишувале за неговиот приватен живот. Сепак, за српските медиуми неодамна изјавил дека се радува што ќе стане татко и планира свадба, но далеку од очите на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.