Во првиот круг од НБА плеј-офот ноќеска се одиграа три натпревари по кои Хјустон и Вашингтон стигнаа до третите победи во серијата прв до четири, додека шампионот Сан Антонио поведе со 2-1 во пресметката со ЛА Клиперс.
Џејмс Харден со 42 поени и Двајт Хауард со 13 поени и 26 скокови го предводеа Хјустон до победата кај Далас.
Во триумфот на Вашингтон кај Торонто дури шест гостински кошаркари имаа двоцифрен број поени, најефикасниотМарсин Готарт реализира 24 поени.
Со личниот рекорд сезонава од 32 поени, Каваи Леонард го предводеше Сан Антонио до триумф против Лос Анџелес Клиперс.
Постигнати резултати:
Далас – Хјустон 128:130 (0-3 во победи),
Вашингтон – Торонто 106:99 (3-0) и
Сан Антонио – ЛА Клиперс 100:73 (2-1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.