| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку двајца загинати во земјотрес од 7.9 степени во Непал

_82559571_026909098-1

Силен земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Непал. Иако првично се известуваше за јачина од 7.5, според „Си-Ен-Ен“ бројката е повисока.

_82559447_026909100-1

– Епицентарот на земјотресот беше на 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).

Според првичните информации на „Ројтерес“, загинале две лица, а се уште не се знае колку повредени има. Сите ранети се пренесуваат во локалните болници.

_82559340_nepalkathmandu4642504

Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, како и во пакистанскиот град Лахоре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top