| четврток, 6 декември 2018 |

За Коѕиас министерот Попоски се вика – Никос

попоски коѕиасМакедонскиот и грчкиот министер за надворешни работи на нивната последна средба во Букурешт размениле каталози со мерки за градење доверба- открива шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас говорејќи од Њујорк, по средбите со Бан ки мун и Метју Нимиц.

Грчкиот шеф на дипломатијата го известил медијаторот за грчката иницијатива, за која Коѕиас, смета дека постојат сличности меѓу грчките и македонските мерки. Министерот за надворешни работи на Грција, не испушти да прокоментира дека со неговиот македонски колега имаат исто име, при тоа менувајќи му го на Попоски името од Никола во Никос, јави Канал 5.

-Како што знаете пред околу еден месец во Рига се видов со министерот за надворешни работи на ФИРОМ, кој има исто име, Николас се вика, односно Никос и му предложив да разговараме за мерки за градење доверба. Немаше веднаш одговор. На крај, владата од соседната земја се согласи за еден таков разговор. Во Будимпешта каде што бев пред 2 седмици, разменивме каталози со точки за мерки за градење доверба и, како што анализиравме во последните 10 дена, постои сличност во одредени точки кои што може да бидат почеток за еден таков дијалог- рече шефот на грчката дипломатија по средбите во Њујорк.

Тој го известил Нимиц дека Атина сака да продолжи дијалогот, но дека медијаторот, треба да го земе предвид фактот дека, според Коѕиас, „зад името се крие и еден конкретен вид на иредентизам кој го отежнува обновувањето на односите на доверба меѓу двете земји“. На средбата со Бан Ки Мун, пак, кусо било споменато прашањето за името бидејќи, како што рече шефот на грчката дипломатија, веројатно медијаторот го известил генералниот секретар. Од кабинетот на Нимиц пак во кусото соопштение пишува само дека Коѕиас и Нимиц разговарале за изнаоѓање взаемно прифатливо решение во прашањето за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top