Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека силите на неговата земја нема да почнат воена офанзива во Донбас, но предупреди дека ќе воведе воена состојба доколку владините сили бидат нападнати.
-Сакам да ве уверам дека украинските вооружени сили и јас лично, како врховен командант, даваме цврсти гаранции дека ќе ја почитуваме спогодбата од Минск и нема да почнуваме офанзива на истокот на Украина- рече Порошенко во интервју за украинската телевизија.
Порошенко нагласи дека се ќе направи за да се спречи натамошната дестабилизација на Украина во текот на претстојните мајски празници. Украинскиот претседател изрази надеж дека мировните сили или специјална мисија на ЕУ може да го обезбеди мирот на истокот од Украина.
-Невооружените членови на тимот на Организацијата за европска безбедност и соработка се соочени со серионзи проблеми. Постојат само два начина – или да се распоредат мировници или мисија на ЕУ која ќе биде подготвена да ја преземе одговорноста, наведе Порошенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


