Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од францускиот претседател Франсоа Оланд да се обноват врските меѓу двете земји, кои се заладени поради кризата во Украина.
– За жал нашите врски не се во најдобра состојба, трговијата бележи пад што предизвикува жалење. Верувам дека мора да бараме начини да ги обновиме нашите врски и верувам дека тоа е во заеднички интерес – му рекол Путин на Оланд во Ереван.
Оланд го повика Путин да го имплементира мировниот договор за Украина, што е постигнат во Минск во февруари.
Двајцата претседатели разговараа и за спорната испорака на бродовите Мистрал, што Франција требаше да и ги достави на Русија уште минатата година.
Оланд најави дека Франција ќе и врати на Русија околу 1,5 милијарди евра уплатени за испораката на бродови, а Москва оцени дека тоа е прифатлива опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



