Турција денеска соопшти дека „ ја отфрла и осудува“ употребата на терминот „геноцид“ од страна на рускиот претседател Владимир Путин за масовното убиство на Ерменците во 1915 година во Османлиската империја, пренесоа британските медиуми, цитирајќи го турското Министерство за надворешни работи.
-Имајќи ги предвид масовните убиства и затворања кои Русија ги спроведувала во Кавказ, Централна Азија и во Источна Европа во текот на минатиот век, ние сметаме дека таа треба да е една од оние земји кои најдобро знаат што е геноцид и какви се неговите правни последици- се наведува во реакцијата на министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



