| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Мисајловски направи увид во реконструкцијата на патните правци и мостовите во општините Лозово, Радовиш и Ново Село

Лозово, Радовиш, Ново Село и струмичкиот регион беа целта на денешната посета на директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Владо Мисајловски. Тој заедно со градоначалникот на општина Лозово направи увид во реконструкцијата на магистралниот пат Велес – Кадрифаково.

misajlovski2-500

Во Радовиш, Мисајловски се запозна со завршната фаза од изградбата на новиот мост кај Злеово, по што го посети и село Дабиле во струмичкиот регион, каде по дождовите кои го зафатија пролетва овој регион се појави вода која остануваше на коловозот.

misajlovski3-500

ЈП за државни патишта во рамките на своите надлежности го израмни коловозот и постави нов асфалтен слој во должина од 130 метри.

Во општина Ново Село директорот оствари работна средба со градоначалникот на општината Блаже Велковски. На истата беше разговарано за проектите од областа на патната инфраструктура во општината кои се во надлежност на јавното претпријатие за државни патишта меѓу кои и за претстојната рехабилитацијана регионалниот пат Мокрино- Смолари во должина од 4 километри.

misajlovski4-500

Рехабилитацијата  на овој патен правец се очекува да започне  оваа година, а градежните работи да траат шест месеци. Во овој регион  од минатата година отпочната е надградбата на патната делница Струмица – Ново Село – граница со Република Бугарија во должина од 10 километри, проект кој се реализира преку Програмата за одржување на државните патишта во периодот 2014-2017 година.

misajlovski500

На средбата стана збор и за изградбата на регионалниот пат Старо Коњарево – Ново Коњарево во должина од 4 километри, проект кој во општина Ново Село  ќе отпочне со реализација следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top