Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен пороен дожд освен во јужните и источите делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во недела и во понеделник претпладне ќе потрае период на преодно стабилизирање на времето, а од понеделник попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд и појава на грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.