| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најголемите грешки што ги правиме со појадокот?

Независно каков став имате за вашиот прв оброк, вие со негова помош можете да го подобрите здравјето и позитивно да влијаете врз обемот на вашиот струк. Проблемот настанува кога луѓето одбираат „бомби“ со калории, односно намирници исполнети со многу шеќер и масти кои го имаат спротивниот ефект. Токму затоа погледнете ги следниве неколку грешки кои сите луѓе ги прават со појадокот…

1. Избегнување протеини

Кафето со млеко и колачи како мафини многу често знаат да бидат „оброк во движење“ за време на оние денови кога сме во брзање. Оваа комбинација може убаво изгледа за очите, но за жал ѝ недостасуваат протеини. Истражувањата покажале дека појадокот кој е базиран на протеини прави баланс во количината на шеќер во крвта и ги намалува ненадејните напади на глад. Обидете се да го започнувате вашиот ден со варени јајца и јаболко или јогурт со семки од чиа.

2. Претерано консумирање сок

Овошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но тој не е алтернатива за овошјето. Еден просечен портокал има околу 60-тина калории, додека пак чашата сок од истото овошје има скоро дупло повеќе. Исто така во соковите недостасуваат хранливи влакна кои ги има во изобилство во природните сокови. Една нова студија објавена во списанието „Апетит“ покажала дека оние личности кои пијат многу сок имаат поголем крвен притисок од оние кои го прават тоа само повремено.

3. Јадење погрешни маснотии

Познато е дека на телото му се потребни маснотии со цел нормално да функционира, но тоа не значи дека треба да се претерува со нив. Особено ако станува збор за заситени масни киселини како оние кои се наоѓаат во путерот или сланината. Познатата нутриционистка Бони Тобдис од Њујорк, препорачува правилна дистрибуција на маснотиите, па токму затоа за појадокот предложува комбинација од здрави маснотии кои можат да се најдат во јогуртот со исечкани ореви.

4. Додавање вештачки засладувачи

Ако нешто нема калории, тоа не значи и дека нема негативни последици врз нашето тело. Една студија која била објавена во магазинот „Природа“ покажала дека вештачките засладувачи можат да ги нарушат бактериите во желудникот, резултирајќи со зголемување на потребата за фруктоза. Нутриционистот Брук Алперт сугерира пиење кафе без никакви засладувачи, но со додаток на зачини како цимет кои ќе му помогнат на метаболизмот.

5. Предолго чекање за појадокот

Ако првиот оброк во денот го јадете неколку часа по будењето, односно кога на тоа ќе ве потсети непријатното чувство во желудникот, тогаш големи се шансите дека ќе се прејадете. Иако не постои официјален распоред кога треба да се консумира првиот оброк во денот, треба да внимавате да не го изгладнувате вашето тело.

6. Несоодветна големина на оброците

Верувале или не, но големината на оброците влијае и врз количината на храната која ја внесувате во вашиот организам. Една неодамнешна студија покажала дека луѓето јадат и до 80 калории повеќе по оброк кога станува збор за житни снегулки во мал облик. Главната причина за тоа е што луѓето не јадат онолку колку што им бара организмот, туку се потпираат на надворешни фактори како големината на чинијата и слично.

7. Прескокнување на појадокот

Прескокнувањето на појадокот влијае така што вашето тело ќе бара поголем следен оброк. Големите количини храна ќе му ја отежнат работата на вашето тело, ќе ви го забават метаболизмот и ќе ве успијат. Наместо да го прескокнувате појадокот, треба да одбирате оброци кои се составени од балансиран однос на протеини и јаглехидрати со цел да имате доволно енергија за почетокот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top