| четврток, 6 декември 2018 |

Десет милиони деца во Турција живеат во сиромаштија

deca

Околу десет милиони деца во Турција живеат во сиромаштија, покажува истражувањето на Центарот за економски и општествени истражувања и анализи при универзитетот Башчешехир во Истанбул.

Во источните окрузи на Турција процентот на сиромаштија меѓу децата достигна 60 до 70 проценти, при што во Југоисточна Анадолија три од секои четири деца живеат во сиромаштија. Во западните турски окрузи тој процент е од 30 до 40.

Според истражувањето, четири од пет деца во источните окрузи немаат можност да заминат на одмор, а половина од децата најмалку три пати неделно не јадат месо и млечни производи.

82,5 проценти од децата во Турција немаат можност да заминат на одмор надвор од своето родно место, а 55,9 проценти од семејствата со деца немаат автомобил.

Авторите на истражувањето тврдат дека иднината на овие деца е во неизвесност, со оглед на тоа дека владините политики за раѓање повеќе деца не се во согласност со овие фактори.

Според стандарите на Европската унија во 2013 година највисок процент на сиромаштија меѓу децата има во Турција. Тој е повисок од земји како Бугарија и Романија, кои се сметаат за најсиромашни во ЕУ, а, исто така, и од Грција, која е во економска криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top