Димитар Андоновски го пријави Битолскиот инспектор во повеќе институции за заштита на човековите права, а напиша и писмо до премиерот и до министерката за внатрешни работи. Пред неколку дена, пејачот бил приведен, малтретиран и тепан, од страна на битолски полициски службеници.
Во извештајот на СВР Битола стои дека пејачот Димитар Андоновски ги навредувал и омаловажувал полициските службеници Д.Ц. и Ј.С. од Одделението за недозволена трговија со дрога и со оружје, поради што му била изречена парична казна по членот 13, став 2 за „омаловажување на полициски службеник“ при извршување на неговата должност.
Откако одбил да се легитимира, Димитар бил приведен во полициската станица од страна на униформираните полициски службеници Н.С. и Р.М. По разговорот со сменоводителот З.Б. му било извршено алкотестирање, кое покажало 2,37 проценти алкохол во крвта. Направен бил записник со платен налог и бил ослободен еден час подоцна.
Андоновски на ова возврати со пријава и писмо до надлежните, а за тепањето, вели, има потврда и од лекар специјалист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.