| четврток, 6 декември 2018 |

Се готви победнички рецепт за непобедливите

По ели­ми­на­ци­ја­та на акту­ел­ни­от европ­ски пр­вак Ѓер, про­дол­жу­ва ми­си­ја­та на Вар­дар во би­тка­та за ти­ту­ла во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. И тоа нај­пр­во про­тив не­по­бед­ли­ви­от со­став на Бу­дуќ­ност, кој не­ма по­раз се­зо­на­ва, а по­тоа, ако се стиг­не до фи­на­ле­то во Бу­дим­пе­шта, ве­ро­јат­но и про­тив Лар­вик, вто­ра­та не­по­ра­зе­на еки­па во овој цик­лус на ЛШ

Жен­ски­от ра­ко­ме­тен клуб Вар­дар ќе има но­ва шан­са во мај да ата­ку­ва на ти­ту­ла­та во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, а „цр­ве­но-цр­ни­те“ тре­ба да под­го­тват по­бед­нич­ки ре­цепт за не­по­бед­ли­ви­те. И тоа нај­пр­во про­тив ста­ри­от поз­на­ник Бу­дуќ­ност, еки­па што ла­ни ги ели­ми­ни­ра­ше во по­лу­фи­на­ле­то во три­лер меч по про­дол­же­ни­ја.

Вар­дар­ки оста­наа по­ку­си за два го­ла и за­гу­би­ја со 20-22 отка­ко во ре­гу­лар­ни­от дел бе­ше не­ре­ше­но 16-16. Цвр­ста­та од­бра­на на Цр­но­гор­ки­те, че­сто на раб на гру­ба игра, бе­ше клуч на ус­пе­хот. Вар­дар­ки ве­лат де­ка ја на­у­чи­ле лек­ци­ја­та и ќе се спро­тив­ста­ват со оруж­је­то на про­тив­ни­кот во ре­при­за од лан­ско­то по­лу­фи­на­ле, овој­пат на 9 мај, по­втор­но во Бу­дим­пе­шта.

– Ја на­у­чив­ме лек­ци­ја­та од ла­ни и ќе се спро­тив­ста­ви­ме со исти­от ре­цепт на Бу­дуќ­ност. Ако тие ја игра­ат иста­та игра, и ние ќе од­го­во­ри­ме со поц­вр­ста од­бра­на – ве­ли Ин­ди­ра Ка­стра­то­виќ.

Во ко­ор­ди­на­ци­ја со тро­феј­ни­от тре­нер Јан Пит­лик, Ка­стра­то­виќ ќе тре­ба да нај­де ви­стин­ски кон­цепт за по­бе­да про­тив не­по­бед­ли­ви­те. Бу­дуќ­ност има им­пре­си­вен би­ланс во ова из­да­ние на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те од 11 по­бе­ди и са­мо ед­но ре­ми. Играа и со Вар­дар во фа­за­та по гру­пи и ед­наш по­бе­ди­ја, до­ма со 23-17, а во Скоп­је бе­ше не­ре­ше­но 24-24. Тоа е единс­тве­но­то ре­ми на Бу­дуќ­ност во овој цик­лус од ЛШ. Дру­ги­те се са­мо по­бе­ди и им­пре­сив­ни на­ста­пи. Цр­но­гор­ски­те шам­пи­он­ки го дек­ла­си­раа Ви­борг во че­тврт-фи­на­ле­то со вкуп­на по­зи­ти­ва од 16 го­ла на два­та ме­ча. И се­ка­ко се по­сил­ни од ла­ни, а ус­пе­а­ја и да го со­чу­ва­ат ко­сту­рот. Ако на 9 мај пад­не Бу­дуќ­ност, за Вар­дар по­тоа, ве­ро­јат­но, ќе сле­ду­ва меч за ти­ту­ла­та со Лар­вик. Еки­па што е ап­со­лу­тен фа­во­рит про­тив Ди­на­мо Вол­го­град и е не­по­ра­зе­на до­се­га на 12 ме­ча.

 

Цр­но­гор­ска мар­ка со ра­ко­мет­но соѕ­вез­дие

Бла­го­да­ре­ние на Бу­дуќ­ност, жен­ски­от ра­ко­мет во Цр­на Го­ра е ви­стин­ски мит, спорт што има пре­крас­на тра­ди­ци­ја и огро­мен реј­тинг во све­тот. Уште од вре­ме­то на се­стри­те Му­го­ша, на Га­ниќ и на Ма­ја Бу­ла­то­виќ, са­ла­та „Мо­ра­ча“ во Под­го­ри­ца е цен­тар на спорт­ски­те збид­ну­ва­ња и ус­пе­си на цр­но­гор­ски­от спорт. Бу­дуќ­ност има ед­на ти­ту­ла европ­ски пр­вак, втор­пат ќе учес­тву­ва на за­врш­ни­от тур­нир, за­ед­но со Вар­дар, спо­ред но­ви­от фор­мат на нат­пре­ва­ри во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, а има и две ти­ту­ли од Ку­пот на ЕХФ.

И што е нај­важ­но за ри­ва­лот на вар­дар­ки во по­лу­фи­на­ле­то во Бу­дим­пе­шта, тие осет­но го за­си­ли­ја ти­мот во од­нос на лан­ска­та се­зо­на. Од Ѓер при­стиг­на жен­ски­от ра­ко­ме­тен бом­бар­дер Ка­та­ри­на Бу­ла­то­виќ, единс­тве­на­та ра­ко­ме­тар­ка што ќе игра во Бу­дим­пе­шта, а има осво­е­но три ти­ту­ли европ­ски пр­вак. Зад неа со два тро­феи осво­е­ни со Ви­борг е пи­ке­рот на Вар­дар, Ања Алт­ха­ус. Во строј кај Бу­дуќ­ност се вра­ти и Ми­ле­на Кне­же­виќ, ра­ко­ме­тар­ка ко­ја ла­ни го про­пу­шти по­лу­фи­на­ле­то со Вар­дар по­ра­ди по­вре­да. Во ти­мот од со­ни­шта­та од Под­го­ри­ца оста­наа глав­ни­те ѕвез­ди Не­а­гу, ко­ја е прв стре­лец во ова из­да­ние на ЛШ, Цви­јиќ, Мех­ме­до­виќ, Дал­би, Пе­тро­виќ, Вол­те­ринг… Со­став за рес­пект и тим што има нај­ви­со­ки ам­би­ции. Ра­ко­во­де­ни од клу­па­та од из­во­нред­ни­от стра­тег Дра­ган Аџиќ, чо­век чи­ја­што од­ли­ка е бес­пре­кор­на­та од­бра­на, не­што што е за­шти­тен знак на Бу­дуќ­ност. Ком­би­на­тор­на­та и атра­ктив­на игра на Га­ниќ, Бу­ла­то­виќ и на Му­го­ша од осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век е ми­на­то. Овој со­став на Бу­дуќ­ност пред­во­ден од Аџиќ игра во сти­лот на ита­ли­јан­ска­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја. Нај­важ­но е да не се при­ми гол, па по­тоа на дне­вен ред до­а­ѓа на­па­дот. Пред фа­кти­те и бо­го­ви­те мол­чат, а по­да­то­кот де­ка са­мо Бу­дуќ­ност во фа­за­та по гру­пи при­ми по­мал­ку од 200 по­го­до­ци (точ­но 193) ја по­твр­ду­ва те­за­та за со­ста­вот од Под­го­ри­ца. Од­бра­на и са­мо од­бра­на, та­ка ко­ман­ду­ва од­лич­ни­от тре­нер Аџиќ, а на де­ло тоа бес­пре­кор­но го спро­ве­ду­ва­ат ра­ко­ме­тар­ки­те на Бу­дуќ­ност.

Ин­те­рес­но е што струч­ни­от штаб на Вар­дар ќе мо­ра да се под­го­тву­ва за ра­ко­мет­на дра­ма во два чи­на со еден ре­цепт, ако се нај­дат во фи­на­ле­то и ако та­му ги че­ка Лар­вик. Нор­ве­жан­ки­те се ап­со­лут­ни фа­во­ри­тки про­тив Ди­на­мо Вол­го­град и би би­ло го­ле­ма сен­за­ци­ја ако не игра­ат меч за ти­ту­ла. А, тие, спо­ред би­лан­сот, ду­ри се и по­до­бри од Бу­дуќ­ност. На 12 ме­ча до­се­га има­ат ма­кси­ма­лен ефект. Ни­кој не ус­пеа ни­ту да ре­ми­зи­ра про­тив моќ­ни­от со­став на Оле Гу­став Гјек­штад, а Лар­вик има ед­на­кво до­бра од­бра­на ка­ко и Бу­дуќ­ност, со са­мо 213 при­ме­ни го­ла во фа­за­та по гру­пи.

sport137-2

Не­ма гра­ни­ца за Вар­дар по па­дот на европ­ски­от пр­вак Ѓер

Свои аду­ти, и тоа сил­ни, има и Вар­дар, осо­бе­но по па­дот на акту­ел­ни­от дво­ен европ­ски пр­вак Ѓер. Во два ме­ча вар­дар­ки не са­мо што ги ели­ми­ни­раа Ун­гар­ки­те, ту­ку и пот­пол­но ги на­ди­граа. А, тра­ди­ци­ја­та ве­ли де­ка пос­лед­ни­те две еки­пи што го исфр­ли­ле од игра акту­ел­ни­от шам­пи­он во ЛШ, по­тоа ја осво­ју­ва­ле и ти­ту­ла­та. Ток­му Ѓер во 2013 го­ди­на два­па­ти го по­бе­ди то­гаш­ни­от пр­вак Бу­дуќ­ност во пос­лед­на­та фа­за по гру­пи, а Цр­но­гор­ки­те ед­на се­зо­на прет­ход­но во по­лу­фи­на­лен дво­меч беа по­до­бри од шам­пи­о­нот од 2011 го­ди­на, Лар­вик.

Па­тот до тро­фе­јот е иск­лу­чи­тел­но те­жок и Вар­дар, ве­ро­јат­но, ќе тре­ба да се спра­ви со две­те до­се­га не­по­ра­зе­ни еки­пи. Нај­пр­во со Бу­дуќ­ност, а по­тоа и со Лар­вик. Иа­ко Ди­на­мо и „цр­ве­но-цр­ни­те“ ба­рем на хар­ти­ја се ау­тсај­де­ри, ма­ке­дон­ски­от пр­вак има до­бра под­ло­га за осво­ју­ва­ње на тро­фе­јот. На­вре­ме во ре­до­ви­те на Вар­дар при­стиг­на тро­феј­ни­от тре­нер од Дан­ска, Јан Пит­лик, чо­век што знае ка­ко се осво­ју­ва­ат вред­ни ти­ту­ли од го­ле­ми­те ра­ко­мет­ни на­ста­ни. За кра­ток пер­и­од не­го­ви­от ефект во Вар­дар јас­но се за­бе­ле­жу­ва, а на­ши­от пр­вак осет­но ја по­пра­ви игра­та во од­бра­на­та. Не­што што се­ко­гаш е клуч­но ко­га се ата­ку­ва на тро­феј во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Иа­ко Вар­дар е ре­ла­тив­но нов ра­ко­ме­тен про­ект во европ­ски рам­ки, во со­ста­вот има пле­ја­да од ра­ко­ме­тар­ки со бо­га­то искус­тво. Алт­ха­ус има два тро­феи од ЛШ со Ви­борг, а со пре­стиж­на­та ти­ту­ла се има­ат за­ки­те­но и Ле­киќ и Ра­ди­че­виќ во дре­сот на Ѓер. Гол­ман­ки­те Леј­но и Сус­ли­на се ви­стин­ски бе­дем во од­бран­бе­ни­от ред на Вар­дар, а од­лич­но се вкло­пи­ја и за­си­лу­ва­ња­та Пе­не­зиќ и Ла­зо­виќ. Вар­дар­ки има­ат сѐ што е по­треб­но за ти­ту­ла­та и оста­ну­ва со до­бри игри во Бу­дим­пе­шта на 9 и на 10 мај да ја по­твр­дат те­о­ри­ја­та во пра­кти­ка.

– Искре­но ми е жал што игра­ме со Вар­дар во по­лу­фи­на­ле­то. Пред сѐ по­ра­ди на­ши­те ре­пре­зен­та­ти­вки што игра­ат за ма­ке­дон­ски­от клуб. Очиг­лед­но е де­ка фор­ма­та на Вар­дар е во на­гор­на ли­ни­ја и тре­ба да ги за­бо­ра­ви­ме ду­е­ли­те од фа­за­та по гру­пи. Ова е еден меч и сѐ се од­лу­чу­ва во 60 ми­ну­ти. Ту­ка не­ма да вре­ди ни­ка­ква фа­во­рит­ска уло­га. Тре­ба на те­рен да се по­твр­ди ква­ли­те­тот и да се по­бе­ди. Се­те­те се на Фленс­бург од лан­ско­то из­да­ние на ма­шки­от за­вр­шен тур­нир. На нив ни­кој не сме­та­ше во би­тка­та за ти­ту­ла­та, а тие ста­наа европ­ски пр­ва­ци – ве­ли тре­не­рот на Бу­дуќ­ност, Дра­ган Аџиќ.

sport137-3

Ра­ди­че­виќ го има ста­ри­от тро­феј, а се дру­же­ше и со но­ви­от

Јо­ван­ка Ра­ди­че­виќ ќе има мно­гу мо­ти­ви за ду­е­лот со Бу­дуќ­ност, а во Вар­дар се на­де­ва­ат и по­тоа во ме­чот за ти­ту­ла­та. Таа по­тек­ну­ва од ра­ко­мет­но­то учи­ли­ште за ек­стра-ква­ли­тет­ни ра­ко­ме­тар­ки што ги про­ду­ци­ра Бу­дуќ­ност. И ве­ќе има еден тро­феј од ЛШ, го освои ста­ри­от со Ѓер. Во Ви­е­на при ждреп­ка­та за по­лу­фи­нал­ни­те двој­ки се дру­же­ше и со но­ви­от тро­феј. ЕХФ од­лу­чи да се изра­бо­ти нов тро­феј, што прв­пат ќе го до­бие шам­пи­о­нот на ова из­да­ние во елит­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње. Сим­па­ти­зе­ри­те на Вар­дар се на­де­ва­ат де­ка тој ќе за­вр­ши во ра­це­те на Јо­ван­ка и во ви­три­ни­те на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­ме­тен шам­пи­он.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 137. број на неделникот „Република“, 17.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top