| четврток, 6 декември 2018 |

Нови напади врз новинари: братучедот на Шекеринска удри новинар

11Активистот на СДСМ Никола Наумовски и на Соросовата организација „Плоштад Слобода“, роднина на Радмила Шекеринска, физички го нападна новинарот Антонио Димитриевски пред неговото работно место, а само неколку часа претходно вербално е нападнат новинарот Јанко Илковски. Овие напади се последни во низата физички пресметки кон новинарите кои „не им се по волја“ на опозиционерите во Македонија. За потсетување, пред една недела со железна прачка физички беше нападнат новинарот Бобан Нонковиќ.

Димитриевски го потврди инцидентот и додава дека прво бил провоциран, а потоа Наумовски го удрил по глава. Нападот се случил точно пред студиото на „Радиото Слободна Македонија“, каде што Димитриевски има емисија.

-Ме удри по глава и, нормално, рефлексна реакција и јас му вратив и дојде до кошкање, влечење и тегнење. Потоа претрчаа од обезбедување од преку улица – вели Димитриевски.

На овој настан претходеше нападот врз Јанко Илковски, кој се случил пред неговиот дом. Илковски потврдува дека напаѓачот му се заканувал со зборовите: „Ќе видиш што ќе ти се случи за еден месец. Ќе те снема. Толку ти е животот и толку ти е кариерата“.

1Братучедот на Радмила Шекеринска, Наумовски, неодамна вербално му се закануваше на новинарот на „Сител“, Љупчо Златев за време на извршување на работната задача, за време на прес-конференција на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. „Свињо една, си дошол од Кавадрци тука да ми се правиш главен“, му се нафрлил Наумовски на новинарот. За овој напад распеаниот скопјанец потоа се пофали и со фотографија на социјалните мрежи.

Зад нападот врз Нонковиќ стои уште еден опозициски активист, Петрит Сарачини, кој, пак, за неговото однесување доби пофалби и поддршка од Бранко Героски. Ако на тоа се додадат и постојаните повици кои главните креатори на опозициското мнение ги упатуваат преку медиумите платени од Сорос за физичка пресметка и ликвидација на новинари кои не работат за СДСМ и Сорос, се поставува прашањето кој новинар ќе биде следна цел?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top