| четврток, 6 декември 2018 |

Познатите делеа бесплатни книги на улица „Македонија“ (фотогалерија)

unnamed (6)

Во центарот на градот на улица „Македонија“ познатите личности се приклучија кон акцијата „Читај гласно“. Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Мартин Србиновски, водителот Роберт Јанков и младата писателка Верче Карафилоска делеа бесплатни книги и воедно се дружеа со минувачите.

Кон акцијата се приклучија повеќе издавачки куќи кои учествуваа со нивни изданија со цел да придонесат кон зголемување на желбата за читање кај граѓаните. Со отворена покана за Саемот на книгата 2015, кој ќе се одржува од 5 до 11 мај 2015 година, акцијата успешно беше реализирана со цел да се овозможи секој што сака да чита да добие книга.

Минувачите беа пријатно изненадени од оваа несекојдневна активност и покажаа голема заинтересираност да го посетат претстојниот Саем на книгата, каде што со нетрпение чекаат да ги пронајдат своите омилени наслови од домашните и странските автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top