| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен педофил од Македонска Каменица

Штипската полиција поднесе кривична пријава за И.И. (73) од Македонска Каменица поради производство и дистрибуција на детска порнографија.

Пријавениот подолг временски период повеќе пати, во неговиот дом во Македонска Каменица со помош на импровизирана фотолабараторија за себе произведувал детски порнографски материјали сликани од негови фотоапарати и преку различни веб-страници на неговиот компјутерски систем набавувал и поседувал детска порнографија.

По преземени мерки  од полициски службеници,  И.И. е приведен во полициската станица во Штип и при прегледот се пронајдени и одземени 22 фотографии со детска порнографска содржина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top