Фатиме Ибраими од штипското село Селце која има 111 години, има желба да го исполни своето граѓанско право на глас, но тоа може да не се случи. Причината: Нема биометриска лична карта.
Таа бара од надлежните да ѝ издадат валидна лична карта, оти таа од бивша Југославија, која е последната што ја извадила, не знае каде ја ставила.
Од Општинската изборна комисија во Штип за телевизијата Канал 5 велат дека според Законот за избори, гласање за Фатиме ќе нема доколку нема валидна биометриска лична исправа.
Фатиме цел живот била домаќинка и столб на семејството. Имала осум деца. Од нив останале двајца синови и една ќерка. Последниотин ѝ починал пред четири години. Живее сама во трошна куќарка и е упорна во намерата, утре да се појави на гласачкото место што ќе се отвори во нејзиното село и ќе го даде својот глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.