| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ќе треба да ѝ исплати отштета на Русија при прекин на договорот за бродовите „Мистрал“

мистрал

Франција ќе треба да ѝ врати на Русија 1,5 милијарда долари во случај на прекинување на договорот за испорака на два брода-носачи на хеликоптери – „Мистрал“, пишува денеска лондонскиот весник „Тајмс“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во средата изјави дека засега испораката на двата брода на Русија не е можна, а за време на средбата со рускиот колега Владимир Путин во Ереван ќе бидат разгледани „сите аспекти“ на замрзнатата зделка.

Договорот за производство на двата десантни брода во вкупна вредност од 1,12 милијарда евра беше потпишан во јуни 2011 година. Едниот од двата брода е веќе произведен, но минатата година Париз ја запре испораката поради воената инволвираност на Москва во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top