| четврток, 6 декември 2018 |

„Политика“ анализира зошто германски компании инвестираат во Македонија, а не во Србија?

politika1Три германски компании по споредбата на бизнис-амбиентот, не инвестираа во Србија, туку заминаа во Македонија – го пренесува српска „Политика“ Мартин Кнап, директорот на германско-српското стопанско здружение од изјавата по претставувањето на анкетата направена врз 100 германски фирми за условите за работа во Србија.

Весникот анализира дека ако Германија е најважниот економски партнер на Србија, зошто тогаш е избрана Македонија за поповолен партнер за вложување? Односно што ги привлекло во Македонија место во Србија?

politika 2Коментирајќи ги резултатите, Драгољуб Рајиќ од Мрежата за стопанска поддршка посочил дека бројот на странски компании што лани инвестирале во Македонија е за трипати поголем споредено со Србија, за што додава дека тоа е официјален факт од ЕУ.

-Причината се реформираниот даночен систем во Македонија, малиот број давачки и помалата бирократија. Српскиот државен апарат и јавниот сектор вработува 45 проценти од вкупниот број вработени, додека во Македонија тој процент е помал од 20. Во Македонија бројот на даноци е намален, земјата е 20 места пред Србија по условите за водење бизнис,трошоците за тоа се 20 пати помали, има многу помалку прописи што го регулираат водењето бизнис, а правниот систем е многу поефикасен- додава Рајиќ.

Германските компании најмногу забелешки за Србија имале на правната сигурност, на јавната управа, предвидливата економска политика и на борбата против корупцијата, пренесува „Политика“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top