Претставникот на српската Мрежа за бизнис поддршка, Драгољуб Рајиќ за српска Политика вели дека Македонија во минатата година имала три пати поголем број на странски компании кои почнале свој бизнис од Србија. Изјавата на Рајиќ е дел од анализата на весникот во која се бара одговор зошто три германски компании одлучиле по направената споредба за инвестирање во Србија и Македонија решиле да инвестираат кај нас.
– Бројот на странски компании кои лани во Македонија почнале некој бизнис е три пати поголем отколку во Србија. Тоа е официјален податок на ЕУ. Причината за тоа се реформираниот даночен систем во таа земја (Македонија), помалиот број на давачки и помалата бирократија. Во Србија државниот апарат и јавниот сектор вработуваат 45 проценти од вкупнот број вработени, додека во Македонија помалку од 20 проценти работат за државата. Во Македонија бројот на даноци е намален, а бројот на парафискални давачки троструко е помал отколку во Србија. Македонија е дваесет места пред Србија по услови за бизнис, а трошоците за работа се 20 проценти помали отколку во Србија. Таму има многу помалку прописи кои го регулираат работењето, а правосудството е значително поефикасно, вели Рајиќ за српска Политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.