| четврток, 6 декември 2018 |

Маџиров ќе настапи на фестивал за литература во Галвеј, Ирска

Никола Маџиров на 25 април ќе настапи на триесеттиот меѓународен Курт-фестивал за литература во Галвеј во Ирска, на кој настапуваат и авторот на „Треинспотинг“, Ирвин Велш од Шкотска, како и двајца добитници на Пулицеровата награда, Кеј Рајан од САД и Пол Малдун од Ирска. Маџиров е единствениот учесник од Централна и Источна Европа, а е поканет по одличните критики на неговата книга во превод на келтски јазик „Тивка преселба на душите“ објавена во Ирска и „Остаток од друг век“ објавена од најреномираната издавачка куќа за поезија во Велика Британија, „Бладекс букс“ во едиција со Марина Цветаева, Ахматова, Валери, Лорка, Мандељштам, Транстромер, Махмуд Дарвиш, Елијар, Ив Бонфоа и др. Стихови од песната „Дом“ на Маџиров ќе бидат испишани како графити по ѕидовите од ирскиот град Галвеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top