Ноќ со три продолженија и ефект од 3-0 во победи за фаворитите Кливленд, Чикаго и Голден стејт ја одбележаа програмата во НБА-лигата.
По две продолженија Чикаго булс ги скроти Милвоки бакс и славеше со 113-106 за прва гостинска победа и убедливи 3-0 во серијата до 4 победи. Дерик Роуз со 34 поени беше најефикасен на мечот.
Едно продолжение и феноменална игра на Стефон Кари му требаше на Голден стејт вориорс да поведе со 3-0 во серијата против Њу Орлеанс. Домаќините водеа со 20 поени разлика пред стартот на последниот период, но воините предводени од Кари со 40 поени ја анулираа негативата и во дополнително време и победија.
Најлесно помина Кливленд предводен од Леброн Џејмс. Популарниот „крал“ постигна 31 поен, а Кавалирс ги победија Селтикс со 103-95.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.