Кога Бранко Црвенковски си замина од СДСМ даде изјава дека ниту тој ниту Зоран Заев не се решение за СДСМ, дека јавноста е презаситена и дека и требаат нови луѓе. Рече и дека Заев е причина за поделби во партијата, потсетува Драган Павловиќ Латас во емисијата „Јади бурек“.
-Кога пукнаа бомбите, Црвенковски го знаеше изворот, а тоа е Верушевски затоа што со него има искуство. Верушевски барал од Црвенковски услуги за синот, а тој добил 2 стана. Верушевски има прислушувано и во СДСМ, на слава кај Хари Костов. Црвенковски има децениско искуство со прислушување, знае и дека него го пуштаат и го слушаат во партија. Заев на Алсат кажа дека има снимки од Црвенковски. Пуштија снимка на Црвенковски за договор за општина Карпош. Само Црвенковски знае како ова ќе заврши- рече Латас, кој потоа го анализираше писмото на Црвенковски.
-Црвенковски знае дека Заев од оваа утакмица нема да излезе како победник. Тоа најмногу оди во прилог на Бранко. СДСМ за Црвенковски е животно дело. Тој се повлече кога Шекеринска и Заев му ги уништија собирите. Суетата му ја повредија. Ако некој ужива во падот на Заев, тогаш ужива Црвенковски. Тој му погази се. Црвенковски остави да поминат два месеци. Бројот на гледаност на “бомбите“драстично паѓа. Во писмотоБранко вика „дечко браво, храбар си. Сега тргни се“! Му порачува да си замине. „Јас почнав митинзи, вие ги прекинавте. Сега почнете јас ќе бидам прв“- посочи Латас според кого Црвенковски едвај чека да го види падот на Заев и негов човек да застане на лидерската функција.
-Црвенковски ќе го пушти Заев во затвор, како што го пушти во тоа време Амди Бајрам. Око нема да му трепне. На митинзите ќе го снимаат и сликаат Бранко, Заев нема да биде најважен, рече Латас.
Новинарот тврди дека Црвенковски бара нов лидер бидејќи Заев ги исчисти сите негови луѓе од партија.
-Лидер на движењето кое го заговара Црвенковски е Жерновски. Доволно е на власт, не е од СДСМ да биде проголтан, рече Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.