| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас бара од Меркел забрзување на процедурите за одобрување помош за Грција

Germany GreeceГрчкиот премиер Алексис Ципрас побара од германската канцеларка Ангела Меркел да се ангажира околу забрзување на процедурите за одобрување финансиска помош за Грција, соопшти денеска грчки владин извор.

Според изворот, средбата меѓу Ципрас и Меркел во Брисел траела околу два часа и поминала во „конструктивна и позитивна атмосфера“.

За време на средбата двајцата соговорници се осврнале на напредокот, кој бил постигнат досега од претходната средба во Берлин.

Ципрас побарал забрзување на процедурите, со цел да почне спроведување на договорот потпишан на 20 февруари меѓу Грција и меѓународните кредитори, што предвидува и склучување зделка до крајот на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top