| четврток, 6 декември 2018 |

На стогодишнината Ерменската црква за свети ги прогласи 1,5 милион жртви

ерменски геноцидЕрменската црква денеска за свети ги прогласи 1,5 милион жртви на геноцидот врз Ермените, што бил сторен од отоманските Турци, на само еден ден пред официјалното одбележување на стогодишнината од масакрот и наспроти фактот дека Турција го отфрла терминот геноцид.

Службата за канонизација ја водеше поглаварот на Ерменската црква, Карекин II, во црквата Етцхмиаџин, на дваесетина километри од Ереван, на отворено пред градбата од IV век која се смета за најстара христијанска катедрала во светот.

Ѕвоната од камбанариите ѕвонеа во сите цркви во земјата, како и во големите цркви ширум светот. Одржана беше и минута молк.

Ерменците проценуваат дека 1,5 милион лица систематски биле убиени меѓу 1915 и 1917 година, последните години од Отоманското царство, а дваесетина земји, меѓу кои се Франција и Русија, признаа дека станува збор геноцид.

Турција го отфрла овој термин и тврди дека стануза збор за граѓанска војна во Анадолија, заради која, како и заради гладта, умреле околу 300.000 до 500.000 Ерменци и исто толку Турци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top