Русија денеска ги отфрли американските обвиненија дека во Украина разместила дополнителни системи за противвоздушна одбрана и го обвини Вашингтон дека во источниот дел на оваа земја, зафатен со конфликтот, испраќа воени инструктори.
-Коментарите на портпаролката Мери Харф од Стејт департментот зборуваат за засмејувачка некомпетентност, рече од Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Харф вчера изјави дека руската армија во источна Украина разместила нови системи за противвоздушна одбрана и дека тоа од август наваму е најголемото трупање таква техника во зоната на конфликтот. Портпаролката на Стејт департментот, исто така, ја обвини Москва дека продолжува со испораките на тешко вооружување во источна Украина со што се прекршува последната спогодба за запирање на огнот, како и дека го зголемува своето воено присуство долж границата со Украина.
-Тоа не се случува само во тренинг базата во Јаворив, како што беше покажано на украинската телевизија, туку директно во зоната на борбени дејствија, рече Конашенков.
Американскиот амбасадор во Украина преку Твитер го отфрли обвинението на портпаролот на руското министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД