Директорот на македонската Агенција на катастар на недвижности Славче Трпески денеска во Истанбул ја потпиша Светската декларација за катастар.
Декларацијата е потпишана во тек на Светскиот катастарски самит на кој учествуваа над 70 делегации од држави од Европа, Африка и Азија, со над 2.400 делегати. Ја потпишаа сите претставници на земјите-делегати во форма на меморандум за соработка.
Текстот на Декларацијата се заснова на изјавите на Обединетите нации и на Меѓународната федерација на геодети, како и на важноста при управувањето со земјиштето како ресурс и управувањето со катастарот како систем за земјишни информации.
– Преку оваа декларација од Светскиот самит беше упатен глобален повик кон сите земји за важноста од воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, да ги намали земјишните конфликти, да го поддржи оданочувањето на недвижен имот, да обезбеди гаранција при кредитирањето, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.
Светскиот катастарски самит го организираа Министерството за животна средина и урбанизација и Генералниот директорат за катастар и земјишна администрација на Република Турција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Светскиот македонски конгрес и Македонскиот манифест отфрлаат договор со Бугарија на антимакедонски основи и штетен по националните и државните интереси