Тренерот на Оклахома сити тандер, Скот Брукс, доби отказ од раководството на клубот по неуспешната сезона во НБА-лигата. Тандер не успеаја да обезбедат учество во плејофот. Брукс речиси цела сезона го немаше на располагање Кевин Дурант, дел од натпреварите отсутен беше и Расел Вестбрук, што не беше олеснителна околност за челниците на Оклахома, кои решија да го разрешат Брукс.
– Донесовме многу тешка одлука, Скот даде голем придонес за да се изгради идентитетот на нашиот клуб и си заслужи место во историјата на Оклахома сити тандер. Му посакуваме многу среќа во следните ангажмани – изјави генералниот менаџер, Сем Прести.
Брукс ја предводеше Оклахома сити од 2008 година, а две години подоцна беше избран за тренер на сезоната во НБА. Најголем успех за него и за екипата е пласманот во големото НБА-финале, во 2012 година, кога Тандер загубија од Мајами хит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.