| четврток, 6 декември 2018 |

3.200 набљудувачи на МОСТ ќе ги следат изборите

darko-most

Граѓанската асоцијација „Мост“ првиот круг од локалните избори утре ќе ги следи со околу 3.200 набљудувачи, број со кој ќе се покрјат околу 50 проценти од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамки на секоја општина.

Набљудувачите на „Мост“ ќе бидат статични, информираше на денешната прес – конференција извршниот директор Дарко Алексов, а мобилни тимови ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои нема да има статични набљудувачи.

„Мост“ денеска го набљудува и предвременото галсање на болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените, лицата во затвор и во куќен притвор.

Препознатлив белег за набљудувачите на „Мост“ ќе бидат жолтите маици и акредитациите од ДИК истакнати на видно место.

Од „Мост“ упатија апел за одржување фер, слободен и мирен изборен процес и ги информираат граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности оти можат да се јават на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Амбасадорите на Германија, на Холандија и на Велика Британија, во Република Македонија Гудрун Штајнакер, Мариет Шурман и Кристофер Ивон, кој го поддржуваат проектот на оваа граѓанска асоцијација „Домашно набљудување на локалните избори 2013“, ги повикаа граѓаните да излезат на избори и слободно да ја изразат својата волја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top