Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека дијалогот со Приштина ќе продолжи во мај, а во јуни ќе биде донесена одлука дали Србија да почне преговори со Европската унија за првите поглавја, објави „Политика“.
Вучиќ посочи дека разговорите во Брисел биле тешки и дека биле направени неколку отстапки.
– Сметам дека во мај во Брисел ќе биде донесено конечно решение дали да ќе ги отвориме првите поглавја во јуни или тоа ќе биде оставено за септември – наведе Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



