На вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ одржана во Гостивар министерот за финасии Зоран Ставрески истакна дека ваквото однесување на СДСМ не се забележува првпат.
– Низ изминативе години на демократскиот развој на Македонија постојано сме сведоци дека кога и да е СДСМ во опозиција, секогаш прави проблеми и создава ситуации за на недемократски начин, без поддршка од народот, да дојде до власт и да ја пренесе својата сопствена неспособност и проблемите што ги има врз државата – нагласи Ставрески.
Министерот посочи дека тоа не му успевало тогаш, а нема да му успее ниту сега.
-Ние сме тука за да им кажеме на граѓаните дека треба да бидат мудри, сплотени. Со мудроста и со разумот што го имаат граѓаните да ги погледнат состојбите, да ја оценат ситуацијата и да знаат дека народот е сплотен и сè додека народот стои зад нас, Македонија ќе остане стабилна и безбедна држава – истакна Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



