Малку од жените имаат рамен стомак и не се мачат со вишок килограми. Многу жени не се задоволни со својата тежина, ниту, пак, со обемот на половината. Не мачете се премногу со својата тежина. Најважно е да се одржува здравиот начин на живот и да се чувствувате добро во сопствената кожа.
Ако не сте задоволни со обемот на половината, постојат одредени модни трикови, кои донекаде може да го решат проблемот со обемот и да создадат барем визуелно помал обем на половината.
Контрасти
Познат е фактот дека црната боја визуелно ја издолжува линијата на телото, но само ако се носи на вистинскиот начин. Еден од триковите поврзани со црната боја е следен: место да купувате здолниште кое е црно, купете здолниште кое од страната има црни ленти, а во средината некоја друга боја. Така вашето тело ќе изгледа послабо, а половината нема многу да дојде до израз.
Ремени
Најтенкиот дел од обемот за половина се наоѓа под градите. Затоа треба да се истакне тој дел, а не делот под половината. Тоа ќе создаде илузија дека вашата половина е многу потенка отколку што навистина е.
Соодветна големина на облеката
Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат жените е прашањето за бројот на градникот. Ако десет години носите ист број, време е за нов. Важно е да одберете вистинска големина и облик, односно да одберете градник кој ќе ги подигне вашите гради. Со таков градник, и обемот на половината ќе биде потенок. Освен тоа, многу е важно да носите вистинска големина на облеката, ниту претесна ниту преголема бидејќи ќе изгледате подебело.
Вертикални линии
Ако сакате да носите риги, одберете вертикални, со нив вашата фигура визуелно ќе изгледа потенко. Целосно е поинаква ситуацијата кога станува збор за хоризонтални линии, кои визуелно ќе ја прошират фигурата, па подобро е да ги избегнувате.
Високи потпетици
Сите жени сакаат да носат високи потпетици, а една од причините поради кои ги носат е тоа што во нив изгледаат повисоко и послабо. Освен што ја нагласуваат женственоста, ја издолжуваат и фигурата, и со нив жените изгледаат послабо отколку што навистина се.
Панталони со висока половина
Панталони и здолниште со висока половина, исто така, се препорачуваат за визуелно издолжување на телото. Тие модели може да изгледаат многу шик и софистицирано.
Долна облека за обликување на телото
Секогаш може да играте на картата долна облека за обликување на телото. Иако тие гаќи изгледаат како тие од орманот на баба, може да направат вистинско чудо за вашата половина. Има многу видови долна облека која може да ја обликува половината. Не срамете се да купувате таква облека.
Истакнете го деколтето
Ако сте доволно самоуверени и сигурно во себе, носите маици кои ќе го истакнат деколтето. Така ќе го одвлечете вниманието од половната и фокусот ќе биде малку погоре. Најдобро е да ги истакнете оние делови на телото на кои сте најмногу горди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






