– Ако претседателот може да потпишува одлуки, го повикувам да се покаже. Тој треба да ни каже што се случува во владата затоа што во Венецуела имаме лоша влада, рекол Каприлес за време на неговата инаугурација за гувернер на државата Миранда.
Венецуелската влада тврди дека здравјето на 58 годишниот Чавез е подобрено по тешката состојба во која се наоѓаше откако по четврти пат беше опериран од карцином во декември.
Многу во земјата се сомневаат дека претседателот умира или дека нема да може активно да ја извршува својата должност. Претпоставките за неговата здравствена состојба се зголемија откако во јавноста се појави документот со потписот на Чавез. Поради тоа јавноста се прашува дали Чавез го потпишал документот во болничка соба во Куба или пак бил искористен неговиот скениран потпис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


