| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе има свој фаворит на светското првенство во фудбал во Бразил

Покрај судијата Александар Ставрев кој има големи шанси догодина во Бразил да ја претставува Македонија на најголемиот светски фудбалски собир љубителите на фудбалот во земјава најверојатно ќе имаат уште еден свој фаворит на СП – националниот тим на Босна и Херцеговина.

За тоа заслужни се Един Џеко и другарите кои вчера ја победија Грција и практично ја елиминираа можноста јужните соседи директно да одат во Бразил но пред се навивачите на Босна кои во неколку наврати против Грција своите пулени ги бодрат со извикување Македонија, Македонија.

Со тоа навивачите на Босна и Херцеговина ја заслужија поддршката од македонските навивачи кои и онака секогаш кога не игра Македонија навиваат за некоја од репрезентациите на државите од регионот. Покрај Босна догодина дел од македонците во Бразил ќе навиваат и за Хрватска која исто така има големи шанси да биде дел од СП 2014.

Минатата година во октомври навивачите на Грција во Атина го запалија босанското знаме откако предходно босанците го вееле македонското државно знаме и среде Атина извикувале Македонија, Македонија.

Вчера пред натпреварот во Зеница пред стадионот се продавале македонски знамиња и шалови, велат информациите од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top