| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва погледнете во небото: Ќе се изненадите од глетката

Вечерва на небото ќе може да се види метеорски дожд. Оваа појава ќе донесе помеѓу 10 и 20 метеори по час и тоа во максимумот на метеорскиот дожд. Овие метеори може да произведат патеки од светлосна прашина кои траат и по неколку секунди. Најдобро е да се надгледуваат на темно место после полноќ.

Небесниот спектакл, метеорскиот дожд “Лиридс”, кој е сместен помеѓу “просечните” метеорски дождови, трае од 16-ти април па сè до 25-ти април, но својот врв ќе го има токму оваа вечер, помеѓу 22-ри и 23-ти април.
Оваа астрономска појава се случува кога Земјата минува низ опашката на кометата Тачер која еднаш во 415 години прави круг околу Сонцето.
“Лиридс” ќе биде највидлив околу четири часот наутро, односно после заоѓањето на Месечината, а пред изгревањето на Сонцето.
Што се однесува до гледањето на овој феномен, не ви е потребен ниту телескоп ниту пак е опасно да се надгледува оваа појава со голо око. Метеорскиот дожд “Лиридс” ќе биде видлив од северната хемисфера што значи дека и ние во Македонија ќе може да ја надгледуваме. Единствен услов е да нема облачно време или дожд, само ќе треба да појдете на некое високо место оддалечено од градското загадување.


Инаку, метеорскиот дожд претставува појава кога поголем број на метеори привидно минуваат низ една точка или толку мала област на небото во текот на кус временски период.

Метеори се јавуваат кога метеороидите при голема брзина влегуваат во земјината атмосфера и јонизираат слој од воздух околу себе. При рекомбинацијата на јоните доаѓа до појава на светлина која го носи името “метеор”. Поголемиот дел од метеороидите се помали и од зрно песок. При минувањето низ атмосферата, потполно испаруваат и никогаш не стигнуваат на површината на Земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top