| четврток, 6 декември 2018 |

Десет работи кои не треба да ги имате во домот после 30-тата година

Доколку сте во касните дваесетти или веќе сте ја надминале триесетата година, време е да почнете да го декорирате домот во склад со вашата возраст. Дизајнерот Скот Мичам Вуд во „Ел декор“ нуди неколку совети за декорација и уредување на домот соодветни за оние со триесетина години, а наведува и листа на работи од кои мора да се ослободите.

1. Привремен мебел

Privremeni namestaj

– Често луѓето чекаат да се вселат во нивниот „постојан дом“, па да почнат да го декорират, а дотогаш купуваат што било на попуст за да пополнат простор – вели Вуд. Според него, најдобро е да се инвестира во класични парчиња на мебел, бидејќи само така нема да имате загуби, а после триесеттите привремеиот мебел не смее да има место во вашиот дом.

2. Полица за телевизор

Police za TV

 

Наместо функционалност, време е да посветите време на креативноста, смета Вуд, според кој полицаta која сте ја купиле во исто време кога и телевизорот треба да се исфрли и да се замени со нешто поестетичко.

3. Голи паркети и мали килими

Goli parketi i mali tepisi

 

Наместо да одите на најефтината варијанта – без или мал тепих, направете го спротивното. Купете најголем тепих кој вашата просторија може да си го дозволи. Гледајте да е богат во боите и текстурата, со што ќе добиете толина и чувство на стабилен дом.

4. Постери и фотографии без рамки на ѕидот

Poster 2

 

Тоа изгледа ефтино и детски, смета Вуд, според кој мора да се вложи во добри рамки.

5. Ефтина постелнина

Jeftina posteljina 2

Не постои оправдување зошто да имате неквалитетна постелнина на било која возраст, а после триесеттата година навистина треба да сте свесни дека заслужувате подобро.

6. Растурена постела

Nenamesten krevet

Потребна е минута за да се намести креветот, а со растурена постелнина ви паѓаат во вода сите декорации или скапи украси.

7. Акцентиран ѕид

Akcentovan zid

Наместо да го подобрите просторот, добивате сосема спротивен ефект. Оставете го акцентирањето за ергенските станови.

8. Кич рамки

Kič ramovi

Триесетите се години кога треба да се инвестира во класични и едноставни работи и кога треба да се водите по златното правило на помалку е повеќе.

9. Пластични садови и есцајг

Plastično posuđe

Исклучок се само садовите за вашите деца или, пак, забавите на отворено, кога по правило и треба да се користи прибор и чинии за една употреба.

10. Вештачко цвеќе

Vestacke biljke

Подобро е воопшто да немате, отколку да биде пластично. Доколку не ве бива со растенија, земете такво дво што бара минимална посветеност и практично се расте само.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top