| четврток, 6 декември 2018 |

Две големи германски компании доаѓаат во Македонија

invest
Најмалку две од 15 присутни компании на Комитетот за источно – европски економски односи веќе наредната недела ќе дојдат во Македонија за детално да можат да се запознаат со можностите за инвестирање. Уште еден од германските гиганти најавил посета на Македонија која што треба да се случи наредните неколку месеци, јави дописникот на МИА од Берлин.
Заменик министерот за економија Христијан Делев кој што ја предводеше  македонската делегација на Комитетот за источно – европски економски односи каде што прв пат е поканета Македонија вели дека поради  т.н „чатам хаус“ правила на средбата што се одржа во зградата на германскиот Телеком во Берлин не смее да објавува детали од разговорите.
Станува збор за две од најголемите германски компании кои што имаат планови за инвестирање во крупни енергетски проекти и во хемиската индустрија.
Заменик министерот за економија Делев денеска учествува на форумот „Исток – Берлин“ кој што претставува платформа која што обединува кретори на јавно мислење кои што ги дискутираат предизвиците и можностите во економската зона меѓу Лисабон и Владивосток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top