| четврток, 6 декември 2018 |

ТМРО: Исто воено сценарио со ист режисер

Во 2001 година на караулата Кодра фура до село Танушевци, 40-тина униформирани лица со ознаки УЧК кои првпат се појавија, заробија 4 граничари на АРМ, кои после 12 часовно заложништво беа ослободени, со напомена за половина час да заминат од местото, реагираат преку соопштение од партијата ТМРО.

tmro

 – Условот тогаш беше да бидат трампани за извесен Џавид Асани. Ова беше првата акција на УЧК, по што почна војната во 2001 година. Вчера на 21 април 2015 во село Гошинце на караулата беа заробени 4  македонски граничари, кои биле ослободено по 12 часа, со напомена за половина час да заминат од местото. Дали имало и овој пат некој услов за ослободување на граничарите или било со друга цел, останува нејасно – велат од партијата.За ТМРО двата настани се веќе видени, сценариото е потполно исто, дури и бројот на луѓе и реченици.

– Очигледно и режисерот е ист – се вели во соопштението на ТМРО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top