| четврток, 6 декември 2018 |

Државен врв: Се преземаат сите мерки за расветлување на случајот во Гошинце

vrv

Надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот во Гошинце, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање- констатираше вчера вечер државниот врв на Македонија, кој воедно повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и да не се злоупотребува вчерашниот настанот во какви било цели. Инаку претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов вчеравечер свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето го информираа државниот врв на Република Македонија за инцидентот во липковскиот  крај. На состанокот беа разменети првичните информации за нападот на караулата Гошинце, при што државниот врв го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија.  Покрај македонскиот претседател, на состанокот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи на Република Македонија, министерот за одбрана на Република Македонија, началникот на Генералштабот на АРМ, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање при МО на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top