Македонија четврта година по ред е дел од најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“ во која годинава се вклучени над 150 држави и повеќе од 7.000 градови, меѓу кои и Скопје.
Денеска во 20:30 часот осветлувањето ќе биде изгаснато на еден час во стотици места ширум светот меѓу кои Операта во Сиднеј, Ајфеловата кула во Париз, Емпајер стејт билдинг во Њујорк, …, во погоните на Цементарница Усје АД, во работните простории и сите светлечки реклами на Вип, па се до големите паркови во општина Аеродром.
Настанот, што годинава се одржува под мотото „Заедно можеме да ја најдеме силата за да ја претвориме инспирацијата од еден час во акција за секој час“, има за цел да го привлече вниманието кон борбата против глобалното затоплување.
Оваа година се организира голем он-лајн концерт кој в сабота од 20:30 часот ќе биде достапен на веб порталот Popularno.mk. Исто така, се вклучува и Црвениот крст на Република Македонија кој преку своите општински организации ќе ја прошири акцијата низ целата држава.
Министерството за животна средина и просторно планирање кое ја подржува оваа светска акција, покрај домаќинствата, ги повикува да се вклучат сите останати потрошувачи на електрична енергија кои работат во вечерните часови како бизнис секторот – кафулиња, ресторани, јавни објекти, улично осветлување, ЕВН Македонија, Стопанските комори како и централната власт, Единиците за локална самоуправа и Градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.