| четврток, 6 декември 2018 |

За Кливленд нема зима, додека го има кралот Џејмс

Леброн Џејмс е вистински победник, а популарниот крал на кошарката со ефикасна игра во последниот период го предводеше Кливленд до триумф од 99-91 и водство од 2-0 во победи во плејоф-серијата против Бостон селтикс.

Кошаркарите на Бостон долго даваа отпор, но во финишот немаа рецепт како да го сопрат Џејмс, кој постигна 15 од вкупно 30 поени токму во завршниот период од 12 минути. Интересно е што Кливленд во четвртата четвртина постигна 24 поени, а меѓу стрелците се запишаа само Џејмс со 15 поени и Кајри Ирвинг со 9. Резервите на Бостон постигнаа вкупно 51 поен, наспроти само седум на домашниот тим, но и тоа не беше доволно за гостите да приредат сензација.

Хјустон рокетс повторно неочекувано лесно го победи Далас и има предност од 2-0 во серијата до 4 победи. Ракетите славеа со 111-99. Центарот Двајт Хауард конечно одигра на очекуваното ниво и беше прва виолина во победничкиот состав со 28 поени и 12 скока. Џејмс Харден, кој е кандидат за најкорисен играч во НБА шампионатот го заврши мечот со 24 поени. Монта Елис беше најефикасен кај Далас со 24 поени, додека Новицки постигна скромни 10 поени со шут од поле 3 погодени од 14 удари.

Водство од 2-0 има и Вашингтон, а тимот од главниот град на САД заврши поголем дел од работата, бидејќи ги доби и двете средби на гостински терен во Торонто.  Визардс ноќеска славеа во Канада со 1117-106, најмногу благодарение на одличната втора четвртина што ја добија со 34-18. Бредли Бил постигна 28 поени, но фактор број 1 за новата победа беше Џон Вол, кој имаше импресивен дабл-дабл со 26 поени и 17 асистенции.

Lebron-Dzejms-Kajri-Irving-Klivlend-radio-amever-org

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top