Ова во вестите на Алфа го истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов кој додаде дека не само што се пресликува сценариото, туку и зачудува моментот како сите чекори се движат во идентично време, како што се случуваа и во 2001-ва година.
-И тогаш почеток на целата афера беше „Големото уво“ и сега истото тоа е направено, но актерите се поинакви. Луѓето од МВР кои го правеле прислушувањето, имињата им се идентични и во 2001-ва и сега, структурите кои медиумски ги поддржуваат- и тогаш беше СОРОС и сега е СОРОС. Целта нивна да ја дестабилизираат безбедносната структура на Македонија се случува сега. Гледаме дека најнападнати луѓе во моментов се министерката за внатрешни работи и директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Нападнат е правосудиот систем, негирани се сите институции, со самото тоа да се ослабне државата и нејзиниот безбедносен систем, а воедно се прави медиумска поддршка за поделба меѓу населението, да се направи расцеп меѓу него – вели аналитичарот Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пандов: Заев зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум? Вака ли во ЕУ ќе одиме?(видео)